Во периодот од 08,00 часот на 25.10.2015 до 26.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 2.973 странски државјани, од кои 1.472  се од машки пол, 516  се од женски, 602 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 383 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил, соопшти МВР.

Најбројни се државјаните на   Сирија – 1.942, Авганистан – 549,  Ирак – 273, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19.06.2015 до 26.10.2015 година во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 178.902 странски државјани, од кои, 111.534 се од машки пол, 25.413 се од женски, 33.836 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 8.119 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Најбројни и тука се државјаните на Сирија-120.648, потоа Авганистан-31.147, Ирак-13.954, Пакистан-3.981, Иран-2.776, Палестина-1.614, Сомалија-927, Бангладеж-880, Конго-471, Нигерија-251, Камерун-222,  Еритреја-207, додека останатите се во помал број.

OhridNews