Во текот на изминатите 24 часа, најмногу дожд наврна во Охрид, 17 литри на метар квадратен, соопштија од Управата за хидрометеоролшки работи на Република Македонија (УХМР).
По Охрид следуваат Маврови Анови со 14 l/m2, Лазарополе со 10 l/m2, 8 l/m2 во Претор, 7 l/m2 во Крушево, 6 l/m2 во Тетово и Попова Шапка, 4 l/m2 во Битола и Тополчани, 3 l/m2 во Прилеп, 2 l/m2 во Скопје Зајчев Рид, Крива Паланка, Штип и Пожаране и 1 l/m2 во Скопје Петровец и Берово.
Во Охрид утрово е измерена минимална температура од 9 степени.
OhridNews