Времето денеска ќе биде променливо облачно, а во западните делови со врнежи од дожд и снег на пониските и само од снег на планините и на повисоките места. Кон крајот на денот и во текот на ноќта врнежите ќе се прошират насекаде. Максималната температура ќе биде во интервал од 4 до 11 степени.
Во Охрид ќе биде променливо облачно, а кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд и слаб снег. Минималната температура од -2, а максималната температура ќе достигне до 6 степени.
За време на викендот врнежите од дожд и снег наместа ќе имаат пообилен карактер. На планините снежната покривка дополнително ќе се зголеми, а нова ќе се формира и во некои пониски места.
OhridNews