Од Центарот за култура “ Григор Прличев” информираат дека започнаа уписите за  неколкуте школи кои функционираат во рамки на центарот.

Примање на нови членови ќе врши Ансамблот за народни песни и игри “ Бисери”. Сите заинтересирани љубители на фолклорот ќе можат да се пријават во просториите на центарот од 16 октомври, секоја сабота од 10 до 14 часот и во понеделник од 20 до 22 часот. 

Прием на нови членови врши и Балетското студио за модерен и класичен балет. Заинтересираните можат да се зачленат во просториите на Центарот за култура секоја сабота од 11 до 12 часот. Се примаат членови на возраст од 5 до 21 година.

Уписите се во тек  и за Драмското студио. Заинтересираните можат да се зачленат во просториите на центарот секоја сабота и недела во 11 часот.

КУД Отекс ги информира заинтересираните дека уписите на нови членови се врши секоја недела од 11 до 13 часот и вторник од 20 до 22 часот.

OhridNews