На 20 јуни започнува 49-то издание на традиционалниот турнир во мал фудбал „Петровден“ Мешеишта кој и оваа година ќе понуди големи спортски возбудувања.

Пријавувањето за учество на турнирот во Мешеишта е во тек и ќе трае до 18 јуни. Котизацијата изнесува 3000 денари по екипа со 10 играчи. Распоредот на екипите на турнирот ќе биде познат на 19 јуни во 21 часот.

Наградниот фонд на турнирот оваа година изнесува 220 000 денари. Освојувачот ќе инкасира 120 000 денари, второпласираната екипа 60 000 денари, третопласираната 30 000 денари, а четвртопласираната 10 000 денари.

Турнирот „Петровден“ во Мешеишта минатата година го освои екипата на „АСП ПАК“ која во финалето славеше над Вабко Сервис Џуте по изведување на пенали 4:3.

Медиумски партнер на турнирот „Петровден“ Мешеишта е Охридњуз.

Г.М.