На 8-ми Септември по 28-ми пат ќе се оддржи Охридскиот атлетски маратон.
Патеката на Охридскиот маратон е долга 30 километри. За разлика од класичните и рамни маратонски патеки, оваа на Охридскиот маратон има многу нагорнини и надолнини што представува голем проблем за маратонците. Честите промени на ритамот го прават овој маратон многу тежок за трчање но воедно е еден од најубавите. Бидејки се трча по самото подножје на планината Галичица од десната а од левата страна на патека се простира Охридското езеро.
Стартот на трката е во близина на границата со Р. Албанија кај Свети Наум а целта е на неколку метри од пристаништето во Охрид. Маратонот има интернационален карактер.
Ззаинтересираните за учество на 28-миот Интернационален Охридски атлетски маратон повеќе податоци можат да најдат на веб страната на маратонот.
Охридскиот атлетски маратон се одржува под покровителство на Општина Охрид и со помош на најтрофејниот македонски маратонец Живко Стојчески.
OhridNews