Во селото Пештани во тек се активностите од втората фаза за изградбата на пешачката патека по должината на езерскиот кеј од Рибниот ресторан кон Охрид. Во моментов завршени се 80 % од градежните активности.
-Во изминатиов период, просторот на патеката беше комплетно тампониран, а на површина од 450 метри квадратни поставени се бехатон елементи. По целата површина на патеката поставени се инсталации за ново улично осветлување како и инсталации за наводнување. Во моментов се уредуваат жардинјери и просторот се подготвува за хортикултурно разубавување, информираат од општина Охрид. Оттаму објаснуваат дека втората фаза од уредувањето на кејот во Пештани се очекува да биде заокружена наредната недела.
Градежните алтивности за изградба на патеката ги реализираа охридските јавни претпријатија.
OhridNews