Во тек е увид на терен од страна на екипи од крим техника при СВР Охрид по вчерашниот пожар кој изби во угостителски објект спроти паркингот кај пазарот.

Опожарен е локалот целосно. Пријавата за пожарот е примена во 17 и 20 часот. На терен интервенираа 7 пожарникари и 3 возила. Пожарникарите се вратени во база во 19 и 40 часот, информира командирот на ТППЕ Охрид, Борко Јанкулоски.

Според првичните информации од терен најпрво бил забележан чад, по што веднаш се пристигнати екипи на ТППЕ Охрид. Брзата интервенцијата и на пожарникарите и на екипите на ЕВН спречиле поголема несреќа.

Истрагата треба да ги утврди причините за пожарот во кој е предизвикана голема материјална штета. Повеќе информации се очекуваат во текот на денот, по завршување на увидот.

Н.С.Ј.