Во тек е онлајн пријавувањето на специјализираната интернет страна „smartrace.club“ за учество на атлетската трка на 5 и 10 километри која ќе се одржи низ улиците на град Охрид.
Охрид трчаТ викенд претставува спортски промотивен настан при што главна цел на организираторот е да направи спој помеѓу трчањето, движењето, спортот и квалитетната исхрана и здравиот начин на живот.
Охрид трчаТ викенд 2017 како спортско – социјален настан ќе придонесе кон издигнување на квалитетот на понудата на Охрид и Македонија нешто што ни е повеќе од потреба. Атлетскиот хепенинг ќе се оддржува на неколку локации и во него ќе бидат вклучени неколку трки од професионален и рекреативен карактер, при тоа задоволувајќи го апетитот на повеќе социјални групи и тоа: професионални атлетичари, децата од училиштата, децата од градинките, родители, рекреативци и лица со попречености.
Во рамките на трката на 5.000 метри се организира и Тим билдинг натпревар. Секој натпреварувач се пријавува индивидуално, а притоа го избира тимот за кој што сака да настапи. Во секој од тимовите треба да има најмалку 4 учесници, а вкупниот број натпреварувачи од тимот е неограничен. При рангирањето ќе се пресметаат најдобрите 4 постигнати времиња од секој тим.
OhridNews