Во тек е пријавувањето за учество на осмиот по ред турнир во мал фудбал „Лескоец 2018“ кој има меморијален карактер.
Пријавувањето на екипите трае до 22 мај за кога е и закажана ждребката за групите која ќе се одржи во кафе Бар Бордо-Лескоец. Ден потоа на 23 мај ќе стартуваат натпреварите.
Организаторите обезбедија награда од 80 000 денари за победник, а богати награди ќе следуваат за второпласираниот, третопласираниот и учесникот во полуфиналето.
Контакт за пријавување и информации 070 217 891 (Павел). Учеството на турнирот изнесува 3 000 денари.
OhridNews