Пријавувањето е во тек на екипи за учество на вториот меморијален турнир во мал фудбал „Климент Колески“.


Пријавувањето ќе трае до 10 август, а за учество се уплатува 6 000 денари по екипа. Контакт за пријавување 078 665 667 или во спортскиот комплекс.

Наградата за победникот на меморијалниот турнир изнесува 150 000 денари што го прави еден од „најтешките“ во регионот. Меморијалот започнува на 15 август, а претходно ќе се изврши ждребка.

OhridNews