Во тек е пријавување на екипи за турнирот во мал фудбал „Петровден 2014“, кој по јубилејен 40-ти пат ќе се одржи во Мешеишта.

Учеството на турнирот по екипа чини 3000 денари, а можат да се пријават на бројот 075 701-800 (Игор Крцоски-Манце).

Пријавување трае до четврток, а ждребката за натпреварите по групи ќе се изврши ден потоа во 21 часот.

Мх.П.