Се уште е во тек пријавувањето на заинтересираните екипи за учество на турнирот во мал фудбал „Велгошти 2018“.

Турнирот кој ќе се одржи по 15-ти пат ќе започне на 16 јули, а ждрепката ќе се изврши ден претходно, односно на 14 јули.

Секоја заинтересирана екипа треба да уплати 3 000 денари на сметката 530-0003008837-97 Охридска банка и да се пријави кај лицето Коста на телефонот 078 439 780.

OhridNews