Во тек е пријавувањето за учество на Гран при трката во организација на Картингот Римо којa ќе се одржи на 1 и 2 септември.  На највозбудливиот спортски настан во Охрид можат да учествуваат сите без разлика на возачко искуство и да бидат дел од индивидуалните или тим билдинг трки за кои интересот е многу голем.

Учеството можат да го потврдат на телефонот (075 881 351) Марио, а официјално пријавување се прави на Картингот Римо во текот на целиот ден. Котизацијата за учество чини 700 денари, а во пакетот има маица и производи од спонзорите.

Дел од средствата од котизацијата ќе бидат донирани во Црвениот крст од Охрид кој ќе ги распредели кај што е најпотребно. Организаторите, најавуваат добро дружење и забава за која ќе бидат задолжени охридските диџеи Гец и Јован.

Повеќе информации во следниов период околу правилата и се друго останато на официјалната фејсбук страница на Гран при трката Римо.

OhridNews