Пријавувањето на екипи за учество на 19 турнир во мал фудбал “ВЕЛГОШТИ 2024” е во тек и ќе трае до 14 јули, информира организаторот.

Котизацијата за учество изнесува 3 000 денари по екипа, а првакот ќе инкасира 130 000 денари.

Заинтересираните за учество на турнирот можат да се пријават на тел. 078 288 561 – Климе

Ждребката ќе се одржи во Домот на култура во Велгошти на 14 јули во 19:30ч.

Организаторот информира дека по истекот на рокот, нема да се пријавуваат повеќе учесници.

Традиционалниот турнир во Велгошти е поддржан од Општина Охрид и градоначалникoт Кирил Пецаков.

Г.М.