Започната е постапка за доделување концесија за вршење на стопански риболов на двете риболовни подрачја Охридско Езеро и Дојранско Езеро, за што до крајот на месец јануари следната година се очекува да склучат и договори, информираат од министерството за животна средина.

Јавното отворање на понудите беше на 24 овој месец. По евалуацијата на понудите ќе се поканат сите понудувачи кои имаат доставено комплетни и прифатливи понуди да учествуваат на електронска аукција. Критериумот за избор е највисокиот понуден концесиски надоместок. По завршувањето на оваа постапка, следната година се предвидува започнување на нова постапка со која што ќе се опфатат сите риболовни води за кои во постапките од 2018 година немаше заинтересирани понудувачи или немаше доставено прифатливи понуди.

OhridNews