За да се задоволат потребите од крв и крвни продукти за пациентите во здравствените установи во Охрид, во тек е вонредна крводарителска акција во просториите на НУ Центар за култура „Григор Прличев“, информираат од Црвен крст Охрид.
Ги повикуваме нашите сограѓани да ја искажат својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност на оваа крводарителска акција, велат од Црвен крст Охрид.
Крводарителската акција се одвива под мотото „Секоја капка е важна“ и ќе трае до 14 часот.
OhridNews