Избирачките списоци од вчера се ставени на јавен увид. Граѓаните избирачи можат да вршат увид во изводите на Избирачките списоци секој ден, вклучувајќи ги празниците и викендите, во времето од 8 часот и 30 минути до 19 часот во подрачното одделение на министерството за правда и во месните канцеларии на министерството во Пештани, Косел, Требеништа, Мешеишта, Белчишта, Велмеј, Слатино и Сливово.
Јавниот увид може да се изврши и преку телефон, како и на интернет страницата на министерството за правда.
Министерствто ги повикува граѓаните да си го искористат своето право и да извршат проверка на податоците запишани во Избирачкиот список, како и да бараат запишување, допишување или бришење на податоци врз основа на лична карта или патна исправа.
На 3 февруари годинава во 24 часот завршува јавниот увид. По 4 февруари, согласно одредбите од Изборниот законик, не можат да се вршат промени на податоците во Избирачкиот список.
Во истиот рок во министерството за правда и во неговите подрачни и месни канцеларии се врши и собирањето потписи на независни кандидати за избор на претседател на Република Македонија и за членови на совет и градоначалник. Група граѓани од Охрид имаат поднесено листа за независен кандидат за претседател на РМ, Љубе Бошковски.
Ohridnews