Во тек е истрага за тешката сообраќајка на автопатот Струма, изјави за новинарите премиерот Стефан Јанев кој е на местото на несреќата.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, Јанев им изрази сочувство на семејствата на загинатите и ги повика истражителите да си ја завршат работата.
Имаме огромна трагедија, немаме ништо добро да кажеме, трагедија која не потресе и бара државата брзо да реагира. Да ги оставиме истражните органи да си ја завршат работата, рече Јанев.
Тој информира дека во раните утрински часови се слушнал со премиерот на С.Македонија Зоран Заев.
Заедно со бугарскиот премиер, на местото на несреќата е и министерот за внатрешни работи Бојко Рашков. Според Раков, сликата е ужасна. Сообраќале четири автобуси и најверојатно имало трансфери меѓу нив. Работиме на идентификација, додаде Рашков.
Заштитната ограда на автопатот е уништена од автобусот, а сосема е можно пожарот да настанал во контакт на автобусот со заштитната ограда, рече Рашков. Во моментов кон местото на несреќата патува тим од судски лекари за да го утврдат идентитетот на загинатите.
Техничка неисправност на автобусот или грешка на возачот, можни причини за несреќата
Софија, 23 ноември 2021 (МИА) – Грешка на возачот или ненадејна техничка неисправност на автобусот, се можни причини за несреќата во која загинаа најмалку 46 лица, а седум се повредени, изјави директорот на бугарската националната истражна служба Борислав Сарафов.
Тој информира дека во опожарениот автобус имало 52 патници, од кои 12 се деца. Првичните информации говорат дека нема бугарски државјани.
Меѓу загинатите е и возачот на автобусот.
Бугарскиот министер за внатрешни работи Бојко Рашков, кој заедно за премиерот Стефан Јанев се на местото на автобската несреќа, изјави дека причината детално ќе се разјасни во текот на истрагата
– Сликата е ужасна и не секој може да ја поднесе. Никогаш не сум видел вакво нешто. Тешко е да се одреди колку луѓе има и кои се, рече Рашков.
Тој истакна дека покрај опожарениот автобус, сообраќале уште три. Настраданиот автобус се движел последен.
Заштитната ограда на автопатот е уништена од автобусот, а сосема е можно пожарот да настанал во контакт на автобусот со заштитната ограда, рече Рашков.са/
Фото: БГНЕС