Во тек е исплатата на дополнителен образовен додаток. Во нашата држава околу 30.000 деца го користат правото за образовен додаток кој годишно изнесува 12.240 денари за средношколци и 8.568 денари за основци, велат од Министерството за труд и социјална политика.
Со дополнителната исплата се опфатени 3.872 корисника, кои имале позитивно решени жалби или задоцнето известување од страна на училиштата. Исплатата на правото за образовен додаток се врши секоја година до 31 октомври, согласно Законот Законот за заштита на деца, додаваат од МТСП.
Додатокот за образование се исплаќа во четири еднакви износи од по 2.142 денари на корисникот на ова право за дете во основно образование, а од по 3.060 дeнари на корисникот на правото за дете во средно образование, по завршување на секој од мерните периоди утврдени со овој закон.
OhridNews