Оптимистички и ведро расположени по шоуто во Скопје на мечот со Португалија, македонските кошаркарски репрезентативци заминаа за Талин на меч против домаќинот Естонија.
– Еден дел од работата завршивме, сега претстои нова пречка наречена Естонија. Ако славиме во Талин сме завршиле голема работа, бидејќи претпоставка е дека дома, во наредните средби, ќе немаме никакви пречки– вели селекторот на македонската репрезентација Јовица Арсиќ.
Селекторот Арсиќ за овој меч, на располагање ќе ги има истите играчи со кои им се спротивстави на Португалците.
Во останатиот натпревар од третото коло во нашата Б група играат Латвија и Португалија.
М.П.