Во присуство на заменик амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во РМ, Наталија Дрозд и други високи репрезенти на ОБСЕ, претставници на мисијата СИВИПОЛ, на невладини организации и други гости, на присутните им се обрати началникот на СВР Охрид Стефан Буџакоски кој искажа благодарност до мисијата на ОБСЕ за целосната помош при оформувањето и опремувањето на оваа тренинг просторија.
– Обуката е процесс кој на полициските службеници, треба да им ја зголеми професионалноста и стручноста во извршувањето на задачите на сузбивање на сите видови криминалитет но и во нивното делување на превентивен план- рече Буџакоски, потенцирајки дека тренинг просторијата ќе се користи за усовршување на знаењата и нвештините на полициските службеници и подобрување на квалитетот на работата.
На свеченото отворање на тренинг просторијата, заменик амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во РМ, Наталија Дрозд, посебно ја акцентира определбата на ОБСЕ и МВР, заеднички да градат модерна и солидна инфраструктура за обука на полицијата и да се обезбеди одржливост на процесот на обука на локално ниво.
-ОБСЕ го подржува овој процес, со обезбедување на опрема за обука во 8-те регионални СВР и 4 -те регионални центри на пограничната полиција, истакна Дрозд.