Еден брачен пар од гратчето Ворла во Англија, кој врз себе веќе привлече внимание по големата разлика во годините, ќе ја отворат најмалата кино сала на светот.
Една Мартин стара 73 години и нејзиниот сопруг Сајмон, кој има 35 години, планираат да ја прошират куќата за да изградат кино сала со само 17 седишта. Во нивната кино сала ќе бидат прикажувани само неми филмови од дваесеттите и триесеттите години од минатиот век.
Сајмон Мартин, глув од својата 9-та година, со електични оргули ќе обезбедува музичко следење на подвижните слики.
VIP седиштата ќе се наоѓаат во првиот ред и ќе бидат обележани со златно лого.
Влезот ќе биде слободен, но Мартинови се надеваат дека посетителите ќе бидат дарежливи со оглед на тоа дека функционирањето на електричните оргули чини 11 евра на час, пренесуваат агенциите.