Во последните триесет години бројот на дијабетичари во светот двојно е зголемен, па денес од оваа болест страдаат околу 350 милиони луѓе, објави денеска британското медицинско списание „Тхе Ланцет“.

Според наводите од списанието, во 1980. година од дијабетис страдале 153 милиони возрасни а во 2008 година, бројката достигнала 347 милиони луѓе, велат истражувањата на британските научници и  научниците од американскиот „ Харвард“.

Дијабетисот, кај потешките случаеви на заболени , може да предизвика срцеви болести, инфаркт, откажување на бубрезите а во ретки случаеви може да доведе и до слепило а експертите додаваат дека во светот секоја година како последица од дијабетисот, умираат околу три милиони пациенти.

Според лекарите, бројката на заболени е во помал пораст во земјите на западна Европа, пишува весникот.

OhridNews