Бројот на заразени луѓе во светот со Ковид-19 изнесува над 154 милиони, а активни случаи се околу 19,4 милиони, покажуваат податоците на интернет страницата „Ворлдометерс“(Worldometers).

Досега со коронавирусот се инфицирале 154.195.608 луѓе, од кои 3.227.188 починале од последици со Ковид-19, а оздравеле 131.615.229,

САД се на прво место по бројот на заболени (над 33 милиони) и почитнати (над 591.000) лица. На второ место по бројот на инфицирани луѓе е Индија ( над 20 милиони), а потоа следи Бразил (над 14 милиони). Додека според смртните случаи, Бразил е на второ место (со над 408.0000 починати), а на трето е Мексико (повеќе од 217.000).

Во Канада вакцината на Џонсон и Џонсон ќе се аплицира на лица над 30 години

Научниот комитет, што ја советува канадската Влада за вакцини против коронавирусот, препорача вакцината на Џонсон и Џонсон да се користи кај лица над 30 години.

Таа одлука дојде кратко време откако Данска објави дека целосно се откажува од овој производ поради можни сериозни несакани ефекти, и покрај зелено светло од СЗО и европскиот регулатор.

Во април, регулаторот на САД ја прекина употребата на оваа вакцина по ретки случаи на тромбоза. Франција одлучи да го примени на лица над 55 години слично како и за Астра Зенека.

Каролин Каш, раководител на канадскиот научен комитет, рече дека со оглед на сегашните податоци, се препорачува вакцината Џонсон и Џонсон, како и вакцината Астра Зенека, да се дава на лица на возраст од 30 години и повеќе.

За време на клиничките испитувања, вакцината Џонсон и Џонсон покажала ефикасност од 67 проценти, додаде таа.

OhridNews