Откако ден северен бел носорог угинал во зоолошката градина во Сан Диего, Калифорнија, во светот од оваа подврста останале само уште пет единки. Носорогот, по име Ангалифу имал 44 години и најверојатно угинал од старост, соопштила зоолошката градина. Сите преостанати северни бели носорози живеат во заробеништво, една стара женка во споменатата зоолошка, три во Африка е еден во Чешка.

Чуварите на паркот во Сан Диего безуспешно се обидувале да ги спарат своите два носорози. Другиот мажјак способен за репродукција, по име Суни, угинал минатиот октомври во кенискиот резерват Ол Пеџет. По потекло од централна и источна Африка, овие импозантни тревопасни животни се на прагот на потполно истребување како последица на илегалниот лов и африканските вооружени судири.