Во катедрална црква Света Софија во Охрид денеска се одржа чествртиот семакедонски црковен собор.


Црковниот собор по четврти пат се одржува во Охрид, пред тоа беше во Скопје, во Велес и во Струмица, а догодина домаќин ќе биде Брегалничката епархија, истакна архиепископот Охридски Македонски Стефан.


Поглаварот на МПЦ во сослужение со повеќе владици во црквата Св. Софија чиноначалствуваше со светата архиерејска литургија на која присуствиваа претставници од сите црковни општини во земјата и верници од Охрид.

Г.М.