Претседателот на Р. Македонија, Бранко Црвенковски, денеска во катедралната црква Света Софија во Охрид ќе го одликува со орден од Прв ред, поглаварот на Македонската православна црква-МПЦ, неговото блаженство, Архиепископот Охридски и Македонски Г.Г. Стефан.
Како што соопшти кабинетот на претседателот, орденот на поглаварот Стефан ќе му биде врачен по повод јубилејот 40 години од возобновувањето на автокефалноста на МПЦ.
На свеченоста и покрај поканата нема да присуствува ниту еден претсвник на Владата, а своето доажање го откажа и претседателот на Собранието на Р. Македонија, Љубиша Георгиевски.
Инаку утрово во Свети Климентовиот храм на Плаошник, Св. Пантелејмон се одржа едноцрквие. На литургијата присуствуваа повеќе владици на Светиуот Синод на МПЦ, а чиноначалствуваше митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.