Низ историјата Македонската православна црква-МПЦ, беше еден од стожерите на македонското национално и духовно опстојување, еден од главните чувари на македонскиот национален идентитет, бранител на на националното и културно богатство. И благодарение на неа тој оган никогаш не згасна.
Истакна претседателот на Р. Македонија, Бранко Црвенковски при врачувањето на највисокото државно одликување “ Орден на Република Македонија“ на поглаварот на Македонската православна црква, Г.Г. Стефан.
Свеченоста се оджа во катедралната црква Св. Софија во Охрид каде пред 40 години беше возобновена автокефалноста на Охридската архиепископија како Македонска православна црква.
претседателот Црвенковски му го врачува орданот на поглаварот на МПЦ
„На овој начин во име на сите наши граѓани искажувам почит и оддавам признание кое се однесува на сите минати и сегашни членови на Македонската црква, а во оваа прилика посебно би го спомнал обновителот на Охридската архиепископија како Макдонска Правослана Црква, господин-господин Доситеј, првиот поглавар на МПЦ, од чие раѓање минатата година одбележавме сто години“, рече во своето обраќање претседателот Црвенковски.
“Нашата црква не би била во вистинска смисла македонска кога не би ја имала истата судбина на се друго што го носи предзнакот македонско: народ, јазик, идентитет, култура…а тоа е да биде негирана, условувана, обесправена. Работи што не припаѓаат само на минатото, туку за жал се присутни и денес. Никој не може да измисли ниту народ ниту црква, може да се измисли само тоа што не постои, а постоењеето на нашиот македонски народ, држава и Црква не може да го видат само оние кои ги држат своите очи упорно затворени, додаде Црвенковски.
Ова е Црква за народот и со народот рече Црвенковски кој честитајќи и го на Црвата големиот јубилеј и посака и во иднина како и секогаш во историјата, гордо и достојно да продолжи да го носи тој крст, крстот на Македонска автокефална православна црква.
“Ова признание го примаме и рабираме како скапоцен прилог во одбележувањето на годишнината, но и како признание за местото и дејноста на нашата Света Црква и воопшто, за нејзината улога во животот на македонскиот православен народ низ вековите и денес.“ истакна поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, кој во име на Црквата се заблагодари за одликувањето.
Денешново примено одликување, рече архиепископот Стефан, го разбираме и како признание на сите кои што на свој начин се вградиле во најцврстата небоземна и богодарувана градба во душата на сите македонски генерации. “Одликувањето е орден кој како своја заслуга и радост треба да го доживееме сите заедно-со сите чеда на Македнаката православна црква. Тој и се дава на институцијата МПЦ, но во суштина одликивањето им припаѓа на сите нејзини членови бидејќи таа не е проста институција туку жив организам-Тело Христово кое го сочинуваат сите припадници на Црквата. Ете на таа и таква црква денес и се доделува Орденот на Р. Македонија-највисокото државно одликување“, рече поглаварот на МПЦ.
На свеченоста што се одржа во катедралната црква Света Софија во Охрид присуствуваа истакнати личности од политичкиот и јавниот живот, дипломатски претставници, градоначалниците на Охрид и Струга, црковни великодостојници, но немаше ниту еден претставник на извршната власт, а не дојде ниту претседателот на Собранието.
Г. Момироски