Во катедралната црква Св. Софија во Охрид, синоќа, се одржа портрет на добитничката на „Златниот венец“ на 55-те јубилејни Струшки вечери на поезијата, канадската поетеса Маргарет Атвуд.

„Златниот венец“ на лауреатот Атвуд, ќе и биде врачен вечерва на поетската манифестација „Мостови“, што традиционално секоја година се одржува на Мостот на поезијата во Струга.

Атвуд е 51-ви добитник на „Златнипт венец“ на Струшкит вечери на поезијата.

Наградата „Браќа Миладиновци“ која се доделува за најдобро поетско дело од домашен автор помеѓу два фестивали ќе му биде врачена на Иван Џепароски, додека признанието „Мостови на Струга“ што заеднички го доделуваат УНЕСКО и Струшките вечери на поезијата за најдобар поет дебитант, ќе и биде врачено на поетесата Руна Светликова.

OhridNews