Во катедралната црква Св. Софија утре ќе се одржи помен за загинатите бугарски туристи кои настрадаа во потонувањето на бродот „Илинден“ на 5-ти септември. Според најавите на здружението на граѓани „Охрид 5-ти Септември“, на поменот ќе присуствуваат и членови на семејстветата на настраданите туристи.

На поменот ќе присуствуваат и неколку жители од тетовско Брвеница и Скопје кои учествуваа во спасувањето на бугарските туристи. Тие деновиве имале средба со претставници на здружението „5-ти Септември“ на која биле надминати недоразбирањата околу доделувањето на благодарниците на спасувачите, меѓу кои не се најдоа и шестмината херои од Брвеница и Скопје, поради што тие деновиве и јавно реагираа.

– Задоволни сме од средбата и сфативме дека пропустот бил оправдан бидејќи организаторите немале наши адреси ниту телефонски броеви  уредно да не поканат, а и временскиот рок за подготовка на настанот бил многу краток. Оттаму имаме разбирање за направениот пропуст, ни изјави Дарко Станоевски од Брвеница, кој додаде дека тој и другите спасители од тетовско се ставаат на располагање на здружението „5-ти Септември“.

Ohridnews