Љубителите на класичната музика вечерва ќе имаат можност да проследат настапот на Сиприен Кацарис-пијанист и композитор.
Концертот на францускиот уметник од кипарско потекло, Кациарис, во рамките на фестивалот Охридско лето започнува во 21 ч. во катедралната црква Св. Софија.
Сиприен Кацарис е пијанист и композитор со впечатлива светска кариера. Победник на престижните меѓународни натпревари, тој настапува со водечките светски оркестри и диригенти и снима за познатите музички куќи.
Кацарис е уметнички директор на интернационалниот фестивал “Echternach“ во Луксембург, а прогласен е за “Artist of UNESCO for Peace” и “Knight in the Order od Art and Latters” во Франција.
ohridnews