По повод чествувањето на „Св. Кирил и Методиј“, во сабота, 24-ти мај, во катедралната црква „Св. Софија“ во Охрид ќе се одржи концерт на растечката генерација македонски пијанисти, по уметничко ракодовство на проф. м-р Кристијан Каровски.
На сцената во „Св. Софија“ ќе настапат Анастасија Кочева, Амина Никочевиќ, Викторија Митеска, Дамјан Милески, Ивана Јанаќиева, Њомза Џафери и Тодор Спанџов, а ќе бидат отсвирени дела на Бетовен, Шопен, Дебиси, Брамс, Григ и Рахманинов.
Настанот започнува од 20 часот, а воведна реч ќе има проф. д-р Красимира Илиеска.
OhridNews