По повод празникот „Св.маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија“, на 30 Септември, среда, во катедралната црква „Света Софија“ во Охрид, со почеток во 09:00 часот, ќе се служи света архиерејска литургија, информира Дебарско – кичевската епархија.
На светата литургија ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско – кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Поради состојбата со корона вирусот КОВИД-19, ги известуваме верниците кои сакаат да дојдат и присуствуваат на богослужбата, ќе мора да се придржуваат кон мерките на Владата за спречување и ширење на вирусот, што подразбира носење на заштитна опрема (маска, марама, шал и слично), како и држење на определеното растојание. – апелираат од Дебарско – кичевската епархија.
OhridNews