Поради забраната за пловидба на бродовите, ова лето во манстирскиот комплекс Св. Наум доаѓаат помалку гости, велат занаетчиите и угостителите. Тие додаваат дека туристите кои  тука доаѓаат со бродови се поголеми потрошувачи и добри гости и дека забраната за пловидба што Капетанијата им ја изрече на бродовите, индиректно ги погодила и нив. Пристаништето во Св. Наум е празно, а туристите во манастирскиот комплекс сега доаѓаат со автомобили, но како што велат продавачите на тезгите, помалку од порано.


Во Св. Наум помалку  гости поради забраната за пловидба

OhridNews