„Со помош од црквата Св. Ѓорѓија и Католичката црква од Охрид кои многу ни помогнаа во организација, се одлучивме за ваков чекор“ објаснува Кристина „Курсот се одржува два пати неделно по два часа и има добар интерес. Околу 30-на души, најмногу Македонци сакаат и доаѓаат да ги изучуваат основите на турскиот јазик плус конверзација – дел кој го води Атила“.
Меѓу нив е Мики Милески, стажант во охридскиот општински суд:
„Имам многу познаници и пријатели Турци, овде во Охрид. Желба ми е што повеќе да совладам од нивниот мајчин јазик и што подобро да комуницирам со нив иако тие немаат проблем со владеењето на македонскиот. Пред да дојдам знаев по некој збор турски, но сега се чувствува значителен напредок“ вели Мики.
Желба на Кристина и Атила е курсот да стане долгорочен проект. Овој курс за почетници ќе трае до јули, а од септември се надеваат има и почетен и продолжителен курс – доколку има заинтересирани.