Тројца луѓе загинаа, меѓу кои и едно дете во стравична сообраќајна несреќа што се случи утрово кај Ниш, во која патнички воз речиси преполови автобус. Во несреќата се повредени 26 луѓе, а меѓу нив има и деца, со оглед дека автобусот пренесувал деца во училиште.

Несреќата се случила околу 7.30 часот кога патничкиот воз кој тргнал во 7.14 часот од железничката станица во Ниш за Прокупље, при излез од железничката станица Меѓурово удрил во патнички автобус.

Директорот на Брзата помош потврдил за РТС дека има тројца загинати, а дека шест лица се потешко и 16 полесно повредени.

Повредените се пренесени во Клиничко-болничкиот центар во Ниш. Поради ударот железничка композиција од едниот дел излизгала од шините, а железничкиот сообраќај на овој дел од пругата е во прекин, се наведува во соопштението на „Инфраструктура на железницата на Србија“.

На местото на несреќата се наоѓаат полиција, пожарникари и Брза ппомош, како и железничка Комисија за следење на вонредни ситуации. Причината за несреќата се уште е непозната.

OhridNews

Макфакс