Вчеравечер, околу 21 часот, во струшкото село Боровец целосно изгорела индивидуална куќа. Пожарот започнал во една од собите, а потоа брзо се проширил и во останатите делови од куќата.

Нема човечки жртви, предизвикана е само материјална штета од околу 600. 000 денари.

Од страна на надлежните служби извршен е увид на лице место и во тек е утврдувањето на причините за избивањето на пожарот.

Ohridnews