Синоќа во 22.40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга лишиле од слобода лице од Скопје (33). При преглед кај него бил пронајден кокаин.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.
Ноќеска 35 минути по полноќ во близина на хотел во с.Калишта, струшко, полициски службеници од Полициска станица Струга лишиле од слобода лице од Штип (22), затоа што кај него била пронајдена марихуана.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, информира МВР.
OhridNews