Синоќа во 22.43 часот во ОВР Струга е пријавено дека на Детското одделение во Општата болница во Струга од родителите било донесено четиримесечно машко бебе од струшко село без знаци на живот.
Според пријавеното, тие претходно повикале екипа од Итната медицинска помош – Струга, кои во семејниот дом извршиле реанимација, по што бебето го пренеле во болницата, каде била констатирана смрт, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
По наредба на јавен обвинител, врз телото ќе биде извршена обдукција.
Г.М.