Во Основниот суд во Струга денес продолжува судењето во случајот со родилката од Дебар Јилдз Веапоска, на која по породување со царски рез во Струшката општа болница и беа отстранети матка, јајник и бубрег.
Судечкиот судија Јордан Јованов, на последното рошиште пред два месеци, на барање на одбраната донесе решение Медицинскиот факултет во Скопје да одговори зошто биле избрани надворешни членови при носењето на одлуката.
За одбраната спорно беше супер вештачењето бидејќи во тимот кој го изготвувал решението, двајца од тројцата членови не биле од Медицинскиот факултет во Скопје. Воедно, одбраната предложи судот да се обрати до Медицинскиот факултет од Скопје за образложение како тоа се случило.
Оштетената Веапоска повтори дека очекува правда и оти благодарение на супер вештчаењето се надева дека ќе произлезе.
Инаку, судскиот процес со родилката од Дебар Јилдз Веапоска, на која по породувањето со царски рез, во Болницата во Струга и беа отстранеи матка, јајник и бубрег почна во 2022 година и досега се променија тројца судии. Делото застарува во 2026 година.
OhridNews