Годинешната програма содржи промоција на гласникот „Портал“ посветен на руското монаштво во Македонија во 20 век и доделување на традиционалните награди.
Наградата „Веља кутија“ ќе му биде врачена на писателот Ристо Лазаров за книгата „Избрани дела“ , а наградата „Духовен воин“, која им се доделува на личности – бескомпромисни воини за македонската кауза, годинава ќе ја добијат академик Божин Павловски од Македонија и професорката Јуми Накаџима од Јапонија, која предава македонски јазик на универзитетот во Токио, Јапонија.
Накаџима е една од поединците од светот, која е наградена за своите потврдени високи вредности и континуираната заложба за презентација и афирмација на македонското творештво и македонскиот идентитет.
На манифестацијата „Македонски духовни конаци“, традиционално, ќе биде поставена и изложба, овој пат на дела на сликарот Рубенс Наум Македон, слики од циклусот „Танц на вечноста“ .