Непознати сторители ги украле бистите на поетите Ацо Шопов и Славко Јаневски што беа поставени на кејот од реката Црн Дрим во Струга . Според граѓани кои работат на тој простор  бистата на Јаневски  исчезнала пред пет-шест дена, додека таа на Шопов била однесена во текот на минатата ноќ.


Украдената биста од Славко Јаневски

Настанот го осудија струшките писатели, но и граѓаните кои велат дека не е прв пат бистите на поети или на борците да бидат сквeрнавени. Не се знае кој ги украл бронзените бисти, но се претпоставува дека тоа би можело да биде направено за пари бидејќи често пати украдените спомен обележја завршуваат на нелегалниот пазар.

Стружани предупредуваат дека покрај бисти се крадат и канделабрите и електричните кабли на кејот на Дрим и дека надлежните не преземаат доволно мерки да го спречат тоа.