Агенцијата за подршка и промоција на туризмот пред претставниците на туристичките агенции од земјава денеска во Струга одржа презентација на правилникот за начинот видот и висината на субвенциите .

Пред присутните се обрати и директорот на АППТ Љупчо Јаневски кој посочи на битните сегменти за развојот на туризмот, субвенциите и одржливоста на дестинацијата како еден од најважните елементи во туризмот.

Воедно на презентацијата беа посочени и најчестите пропусти за правилно аплицирање за субвенции и начините за подобра соработка, информира Агенцијата за подршка и промоција на туризмот.

OhridNews