Министерот за труд и социјална политика, Џељаљ Бајрами, денес, во Струга, свечено ќе го отвори кампот на пријателство “Струга-2010“.  

„Кампот на пријателство“, што годинава се одржува по четврти пат во Република Македонија во организација на Јавната установа за згрижување деца со воспитно социјални проблеми – Скопје, а со поддршка од Министерството за труд и социјална политика и ФИЦЕ  (Интернационална организација за грижа и едукација на деца, која е произлезена од УНИЦЕФ), претендира да добие и една нова димензија која освен развиток на креативниот позитивен потенцијал кај овие деца ќе даде можност и за подобрување на нивната социјална и емоционална интелигенција преку развивање на емоционалната писменост и ќе биде во функција на нивниот личен раст и развој. Ваквата програма дава можност за развивање на свесноста за себе и за другите.

Држави учесници на Кампот освен Република Македонија се и Република Албанија, Србија и Црна Гора.

Сите досегашни Кампови од сите аспекти беа поддржувани од страна на МТСП, со што Кампот премина во традиционален и идната година истиот ќе се организира во Саранда, Република Албанија. 

Ohridnews
извор: Makfaks