Со манифестацијата „Година на есејот“ поетска Струга денеска ќе го започне одбележувањето на 149-годишнината од излегувањето на Зборникот на народни песни од Браќата Миладиновци.

На оваа манифестација која ја организира Медитеранската академија „Браќа Миладиновци“, ќе учествуваат повеќе есеисти, теоретичари и писатели од Балканот.

Годинешниот  лауреат на признанието што се доделува за високи достигнувања и афирмација на македонската литература е црногорскиот писател и академик Сретен Перовиќ. Тој ќе ја прими наградата на свеченоста што ќе се одржи во Центарот за култура во Струга, на која со поздравни беседи ќе се обратат претседателот на Управниот одбор на манифестацијата, академик Луан Старова, претставник од Министерството за култура и градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко.

OhridNews