На регатната стаза „Ас-камп“ во Струга денеска се одржа Државното првенство во веслање на кое учество зедоа веслачките клубови „Дебар“ од Дебар „Горица Ремо“ од Охрид, „Врбник“ од Струга и домаќинот „Црн Дрим“ од Струга.

Трките, како што информира претседателот на Веслачката федерација, Здравко Голабоски, се реализирале на 1.000 и 2.000 метри во различни категории.

И ова државно првенство помина во весела спортска атмосфера, а благонаклонето ни беше и времето. Сите клубови покажаа висока професионалност и фер плеј во натпреварувањата. Ова државно првенство беше своевидна сублимација на досегашните натпреварувања, а во очи на балканското првенство, кое годинава ќе се одржи во Букурешт, Романија, изјави Голабоски.

Во категоријата скиф за сениорки најуспешни беа Александра Маленкоска од ВК „Горица Ремо“, со освоено прво место и Елена Столеска од ВК „Црн Дрим“ како второ пласирана.

Во категоријата скиф јуниорки првото место го освои Ана Прентоска, а втора беше Климентина Стојмилоска, двете од „Црн Дрим“.

Првото место во јуниори скиф му припадна на Кристијан Китаноски од ВК „Врбник“, а второпласиран е Андреј Симоновиќ од ВК „Црн Дрим“.

Андреј Симоновиќ и Леон Шуткиноски од „Црн Дрим“ беа најдобри во категоријата јуниори дубл, додека второ пласирани се Александар Хиохи и Вања Кукунеш од истиот клуб.

Во ревијалните трки за надежни веслачи веслата ги вкрстија младите: Љупчо Василески, Јосиф Дејкоски, Јаков Скепароски, Илија Тодороски, Стефан Часоски и Наум Попоски.

OhridNews