Синоќа во „Спомен-домот на Миладиновци” во Струга беше претставен романот „Љубовта на капетанот“ од писателот Ресул Шабани.

Промотори беа Петко Шипинкаровски, писател и главен и одговорен уредник на ревијата „Бранувања“ и м-р Мерсиха Исмајлоска, книжевник и литературен критичар.

Ресул Шабани е автор на поетски, драмски и прозни книги, а добитник е на повеќе награди и признанија. Меѓу другото, носител е на државната награда „11 Октомври“.

OhridNews

фото: Мишо Јузмески