Во Струга денеска почна акција за заловување и третман на кучињата скитници во градот. Акцијата, како што соопшти општинската прес-служба, ја реализираат лица овластени за заловување и хуман третман на кучиња скитници од Ветеринарната клиника ИНО-ВЕТ од Куманово, во присуство на овластениот инспектор на Општина Струга.
Активноста ќе продолжи и во наредните денови, затоа апелираме до граѓаните на Струга да ги држат домашните кучиња под контрола, да ги евидентираат или да ги вакцинираат доколку не го направиле тоа. Доколку се пуштени на улица и бидат заловени ќе следат законски процедури, стои во информацијата.
Општина Струга повторно апелира до граѓаните доколку приметат истоварање на кучиња од камиони и комбиња од други градови да пријават во полиција.
Токму во ова насока ја контактиравме Полицијата во Струга и побаравме да застанат на влезните точки во градот да ги проверуваат комбињата или камионите за кои постои сомневање дека превезуваат кучиња скитници од другите градови од нашата држава, информира Општина Струга.
OhridNews