Од денеска до сабота во Струга ќе се одржи Меѓународна научна конференција, насловена “Бруцелозата во Југоисточна Европа и Медитеранскиот регион”. Покровител на оваа манифестација е  Институтот за јавно здравје на Република Македонија .

Конференцијата е наменета на широк спектар на научници, како експерти по јавно здравство, ветеринари, лекари од клиничка пракса и микриобиолози кои имаат интерес за бруцелозата, како и претставниците на владите и меѓународните организации.

Цели на конференцијата се:
•    Да ги процени сегашните знаења, состојбата со актуелните стратегии и пристапи и да ги идентификува слабите страни во превенцијата и контролата на бруцелозата;
•    Да иницира размена на знаења и податоци од фундаментални и применети истражувања, искуства и ставови за различни епидемиолошки и јавноздравствени аспекти на бруцелозата како глобална зооноза и закана по јавното здравје, условите и активностите во ветеринарната служба, вклучувајќи вакцини и анимални модели, имунологија, молекуларна биологија и генетика, лабораториска и серо-дијагностика, патогенеза, клинички аспекти и третман на лицата заболени од бруцелоза;
•    Да иницира соработка меѓу сите овие експерти и да се зајакнат меѓународните врски и професионални мрежи меѓу земјите од ЈИЕ и Медитеранот и пошироко, што е есенцијално во потрагата по солуции за постоечката битка против оваа глобална зооноза;
•    Да обезбеди форум за дискусија за подобро разбирање на Бруцелата и бруцелозата и да препорача алатки и постапки релевантни за перспективниот развој на различните аспекти за превенција, контролата и ерадикацијата на бруцелозата на национално и меѓународно ниво.

ohridnews